Нова Македонија, Броj 21125, 28.06.2007

  Во просториите на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје вчера се одржа тркалезна маса насловена „Васил Левски, националната револуција и ослободувањето на Бугарија".

  "Васил Левски е еден од најголемите бугарски револуционери и политичари, кој велеше „Да бидеме еднакви со европските народи зависи од нашите сопствени, но и здружени сили", рече професор Дојно Дојнов во воведното излагање.

  Бугарскиот историчар Иван Стојанов истакна дека „Левски е човек на своето време кој војуваше за еднаквост на европските народи". Васил Иванов Кунчев, познат како Васил Левски (1837-1873), е организатор на бугарската национална револуција, основач на Внатрешната револуционерна организација и борец на еднаквост меѓу народите за политички и граѓански права на сите, независно од нивната етичка или религиска припадност.