Канал 5, 10.03.2005
ВО СКОПЈЕ ДЕНЕСКА ОТВОРЕН ПРВИОТ БУГАРСКИ КУЛТУРЕН ЦЕНТАР. НАСКОРО ВО СОФИЈА КЕ СЕ ОТВОРИ МАКЕДОНСКИ 

  Во бугарската амбасада во Скопје, претседателот на нашиот источен сосед, Георги Парванов и шефот на македонската држава Бранко Црвенковски свечено го отворија бугарскиот културно информативен центар. Двајцата претседатели ја пресекоа црвената лента. А потоа задено фрлија вода. Промовирањето на центарот е во согласност со спогодбата потпишана во април 2003 та година за реципрочно отварање центри на културата во Македонија и во Бугарија. За еден месец во Софија ќе се отвори македонски центар.

  Претседателот Црвенковски ја истакна големата улога на културата во креирањето нов простор за дијалог и соработка меќу двете земји...

  Отварањето на центрите, според Црвенковски ќе придонесе во промовирањето на бугурската култура и традиција во нашата држава, а и на македонската во Бугарија. Парванов, од своја страна, оцени дека отварањето на културно информативниот центар е еден од најзначајните настани во односите на двете земји во последните 15 години. ,,Долго време споревме за културата и историјата и дојде време да покажеме дека во овие области заедничките нешта се поважни од нештата што не разликуваат,, заклучи бугарскиот претседател.

 

Автор Стојан Трпчевски