Изложба на фотографии „Париз“ на авторката од Бугарија Нина Божидарова вечерва ќе биде отворена во Францускиот институт.
Божидарова живее и работи во Париз.
Изложбата е дел од одбележувањето на Месецот на франкофонијата и ќе биде поставена до 13 април.
- Оваа серија фотографии го пренесува секојдневието на еден од најубавите градови на светот, едно вообичаено, блиско и едноставно секојдневие, ги пренесува миговите на радост на едни обични луѓе во еден обичен ден... Градот е онаков каков што е, забрзан, весел, динамичен и лесен, онаму каде луѓето живеат едни до други, мешајќи ги меѓусебно различните култури, информира Францускиот институт.
Фотографската изложба е организирана во соработка со Амбасадата на Бугарија и Бугарскиот културно-информативен центар.