www.mamboteam.com
Културно-информационен център на Република България в Скопие ©  
Начало Всички статии
Saturday, 06 March 2021
 
 
Всички статии
MИА - Македонска информативна агенција PDF Print

Он-лајн презентација на списанието „Клуб Орфеј" во Културниот центар на Бугарија во Скопје

 

Скопје, 27 февруари (МИА) - Културно-информативниот центар на Република Бугарија (КИЦРБ) во Скопје вчеравечер организираше прво он-лајн предавање, емитувано од телевизијата ФИНТВ. Во 70 минути беше претставено списанието за уметност, древни култури и туризам „Клуб Орфеј", а неговиот главен уредник зборуваше за орфизмот и за неговиот придонес во светското културно наследство. Во дискусијата беа посочени и други проекти чија цел е популаризирање на древната тракиска култура.

Орфеј е митски грчки пејач и свирач на лира, син на Еагро и Калиоиа, муза на епската поезија. Понекогаш наместо Еагро како татко на Орфеј се посочува Аполон, а за негова мајка се наведува Селена (грчки Луна), божицата на Месечината. Со своето пееље ги скротувал ѕверовите, ги запирал реките, ги придвижувал дрвјата и камењата, а со звукот на лирата го магепсал и страшниот Кербер кога слегол во подземниот свет за да ја врати саканата Евридика. Го прекршил условот и не успеал да ја спаси, па се повлекол во Тракија каде што умрел раскинат од менадите.

Мотивот за Орфеј се јавува во сите периоди и во сите уметнички жанрови и живее низ вековите како прототип на инспириран уметник, кому му е дадена визија на космичка хармонија. Орфеј се смета за основач на новата наука за боговите и верските мистерии - орфици. Наречени според Орфеј. кого го сметале за свој основач, орфичкиот култ дошол во Грција во 7 век п.н.е., веројатно од Тракија и Македонија. Орфиците влијаеле врз развојот на античката религиозна и филозофска мисла.

 

 
MИА - Македонска информативна агенција PDF Print

Макавеј донира книги во Бугарскиот културно информативен центар во Скопје

Скопје, 7 ноември (МИА) - По повод втората годишнина од основањето на Бугарскиот културно-информативен центар (БКИЦ) во Скопје, денеска во просториите на Центарот се одржа „Ден на отворени врати“.

Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, по повод годишнината на Центарот му подари 150 публикации од 35 бугарски автори издадени во Република Македонија, како и од автори од Македонија преведени на современ бугарски јазик. Станува збор за дела издадени од Макавеј, или во копродукција со истакнати книгоиздателства како „Мултипринт“, „Бугарски писател“, „Захариј Стојанов“ и „Народна култура“ од Софија.

Издавачката дејност е резултат на шестгодишната преведувачка иницијатива на „Макавеј“ за македонско-бугарска книжевна соработка.

Пригодна реч при примопредавањето на книгите, за одбележувањето на втората годишнина, за донацијата и за меѓусебната соработка одржаа директорот на БКИЦ Спас Ташев и главниот уредник на Издавачкото друштво „Макавеј“, Владимир Цветкоски. ва/паг/14:28

 
Утрински Весник, Број 2839, понеделник, 17.11.2008 PDF Print

Бугарскиот културен центар одбележа две години постоење

 

Богатата со содржини културна програма на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје, овој месец почна со отворање на изложба на Јасминка Новковска, а по повод одбележувањето на две години постоење на центарот. Новковска има завршено високо образование на Националната уметничка академија во Софија и е реномиран уметник.

Љубителите на филмската уметност може да погледнат интересни проекции и тоа: „Случајот 205/1913 година П.К. Јаворов“, „Суфле д аморе“, работен според сценарио и режија на Илијан Симеонов, „Богомилите и светиот грал“, според сценариото на Максим Караџов и „Прости ни“ на Владислав Икономов.

По повод втората годишнина од отворањето на Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје, истиот ја реализира и манифестацијата „Денови на отворени врати“. Притоа, секоја ден во периодот од 9 до 17 часот сите заинтересирани можат да се обратат до вработените за информација од било каков вид или да користат литература која е сместена во центарот.

Во знак на одбележувањето на двегодишната работа, предвидено е и одржување на промоции на книги. Станува збор за фототипното издание на книгата на генерал Велизар Лазаров, „Бугарскиот гарнизон во Солун во 1913 година (спомени)“, објавено во Софија во 1929 година. На промоцијата ќе присуствува и издавачот на делото Костадин Костадинов. Исто така ќе биде промовирана и книгата на Христо Тројански „Кажи кога да умрам. Едно однапред смислено убиство. Случајот на полковник Младенов“, објавена во Софија минатата година, а на промоцијата ќе учествува и авторот на делото.

Од областа на ликовната уметност, пак предвидено е отварање на изложбата под наслов „Бугарските богомилски и апокрифни дела во англиската култура XII-XIX век “ на која ќе присуствува и авторот, академскиот сликар Георги Василев. (Н.П.)

 

 
Утрински Весник, Број 2733, четврток, 10.07.2008 PDF Print

Бугарскиот културен центар со програма и во текот на летото

 

Ова лето во Бугарскиот културен центар ќе може да се проследи богата програма. Во текот на месеците јули и август од содржините кои ги нудат се издвојува телевизискиот мјузикл под наслов „Гатач“. Станува збор за комедија, чија реализација е во целост бугарска и која ќе се прикажува утре во просториите на центарот со почеток во 16 часот. Потоа, истиот термин е резервиран и за комедијата „Михаил“ од Сава Доброплодни. Предвидено е и одржување на промоција на поезијата на бугарската авторка Виолета Сабева, а на 10 јули ќе се организира туристички поход „Охрид -Дојран 2008“.

Проекцијата на филмови ќе продолжи и во втората половина на јули со филмот „Сиромашно лето“, чија проекција е закажана за 16 јули во 16 часот. Програмата за месец јули ќе биде заокружена со проекцијата на документарниот филм за Емил Димитров, познат бугарски пејач, во два дела.

Августовската програма ќе почне со презентација на мултимедијалниот проект, издание под наслов „Христо Ботев-Поезија“, објавено во Градкста библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје. Презентацијата ќе се одржи на 8 август во 10 часот, а предвидено е на промоцијата да присуствува и претставник на Градската библиотека. Проекциите на филмови нема да изостанат и овојпат. Во август ќе може да се видат филмовите: „Со деца на море“, „Ножот“, „Неправилно разбраната цивилизација“-во два дела (мјузикл) и други.

По повод празникот Преображение Христово, во Бугарскиот културен центар ќе биде отворена изложбата „Конгреси и програмски документи по 1878 година за историјата и културата на бугарските земји под туѓа власт“. Изложбата ќе биде реализирана заедно со регионалниот историски музеј од Ќустендил. (Н.П.)

 
Утрински Весник, Број 2588, петок, 18.01.2008 PDF Print

Богата културна програма во Бугарскиот културен центар

 

За првиот месец од годинава, Бугарскиот културен центар предвиде богата културна програма. Така досега, љубителите на филмската уметност можеа да ги проследат проекциите на „Баи Гањо тргнува низ Европа“, во режија на Иван Ничев и „ Патување низ областа Русе“, историски филм посветен на старата архитектура и прекрасната природа, која чека да биде откриена. Овој филм ќе може да се проследи и на 23 јануари во просториите на Бугарскиот културен центар со почеток во 16 часот. За следниот ден, со почеток во 18 часот во просториите на центарот, предвидена е промоција на книгата од Христо Тројански, насловена како „Убиствено црвено“, на која ќе присуствува и самиот автор, а на 30 јануари во 16 часот ќе се одржи проекција на филмот „Опасен шарм“, во режија на Иван Андонов, а работен според сценариото на Свобода Бачварова.


Влезот за настаните е слободен, а центарот работи од 8,30 до 17 часот. (Н.П.)

 
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 Next > End >>

Results 118 - 126 of 129
 
Top! Top!