www.mamboteam.com
Културно-информационен център на Република България в Скопие ©  
Начало Всички статии
Saturday, 06 March 2021
 
 
Всички статии
Покана PDF Print

КУЛТУРНО-ИНФОРМАЦИОНЕН ЦЕНТЪР НА РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ

CENTRE OF CULTURE AND INFORMATION OF THE REPUBLIC  OF BULGARIA

ul. Petar Pop Arsov 14 A, Skopje, Republika Makedonija

tel: +389 2 3246 676     fax: +389 2 3246 675     www.kicbg.com    e-mail: This e-mail address is being protected from spam bots, you need JavaScript enabled to view it

 

  

1 октомври – Международен ден на поезията

 

ПОКАНА

 

Най-учтиво Ви каним на

 

ЛИТЕРАТУРНА СРЕЩА

 

с българската поетеса Роза Боянова

и представянето на книгата „Медът на поезията”

в салона на Българския културно-информационен център

на 1 октомври 2009 г. /четвъртък/ от 18 часа

 

с участието на:

 Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Бина Калс, Томе Витанов

и Издателство „Макавей”

 
Покана - Българска Вечер PDF Print

П О К А Н А

 

ПОСОЛСТВОТО НА РЕПУБЛИКА БЪЛГАРИЯ

В СКОПИЕ И ОБЩИНА “КИСЕЛА ВОДА”

ВИ КАНЯТ ДА ПРИСЪСТВАТЕ НА

БЪЛГАРСКА ВЕЧЕР – КОНЦЕРТ НА

АНСАМБЪЛ “ПИРИНЧЕ” ОТ БЛАГОЕВГРАД НА

25 ЮЛИ /СЪБОТА/ ОТ 20.30 Ч. В МЕСТНОСТТА

“ТРИ КРУШИ” В ДРАЧЕВО

 

 

ОЧАКВАМЕ ВИ!

 
Дневник, понеделник, 01 јуни 2009 PDF Print

Пример

 Масони во редовите на илинденците

Историографијата треба да истражи колку врз македонското револуционерно движење влијаел фактот дека многу од нејзините дејци биле активни членови на масонски ложи

 

Пример

 

 Масонството било навлезено во македонското револуционерно движење во првите децении од минатиот век, а дел од истакнатите членови имале и значајни позиции во масонските ложи. Тие биле дури и на позицијата „големиот мајстор“, што е највисока функција во хиерархијата, а ги имало и многу со статус „мајстори“. Истовремено, се' уште е енигма какво влијание врз македонското движење имало тоа што повеќето личности биле во масонството, особено во периодот на Илинденското востание.

Документите од кои се потврдува дека повеќе влијателни личности припаѓале во масонството неодамна беа презентирани на изложба во Скопје. Од нив се гледа дека тие активно членувале во масонската организација, која тогаш постоела во рамките на бугарската држава.

Материјалите потекнуваат од Државниот архив наБугарија, каде што е зачувана обемна документација за масонската ложа „Светлина“, која е дел од Големата ложа на Бугарија. Составен дел на Големата ложа била и ложата „Македонија“, која дејствувала на денешното подрачје на Република Македонија, а средбите на нејзините членови најчесто се одржувале во Скопје.


Генерал Александар Протоѓеров, кој ја обновувал ВМРО во периодот по Првата светска војна, Антон Кецкаров, делегат на Смилевскиот конгрес на ВМРО, Ѓорѓи Баждаров, припадник на четата на Јане Сандански и делегат на Конгресот на ВМРО во 1903 година, се само дел од личностите за кои постојат пишани документи оти биле масони. Меѓу масоните се и други личности, кои биле родени во Македонија, а потоа станале членови на важни бугарски институции, како на пример, Љубомир Милетич, писател и научник роден во Штип, член на Бугарската академија на науките.

Масоните, кои се нарекуваат уште и слободни ѕидари, претставуваат специфичен вид организација чии почетоци датираат од 1717 година, кога нејзината мрежа од Шкотска се проширува низ светот. Дејствувањето на организацијата, односно на масонските ложи што се формираат во разни држави, се заснова врз специфични принципи. Членовите на овие ложи, главно, се подучуваат на моралната филозофија на животот, при што негуваат толеранција, разбирање и хуманост. Поради тајното дејствување, масонството низ историјата го следат мистификација и постојани сомневања за заткулисни игри.


Во Централниот државен историски архив на Бугарија се чува оригиналниот документ од кој се гледа дека Александар Протоѓеров бил Големиот мајстор на Големата ложа на Бугарија. Од документот се гледа дека оваа ложа била дел од Големата француска ложа. Во 1917 година Големата француска ложа ги обединувала трите тогашни бугарски ложи во една Голема ложа на Бугарија. На 17 јуни 1917 на чело на Големата ложа на Бугарија бил поставен Протоѓеров, кој бил и претседател и на македонските друштва во Бугарија. Протоѓеров е роден во 1867 година во Охрид. Бил учесник во Горноџумајското и во Илинденското востание, а од 1915 година бил и член на ЦК на ВМРО.


Од Охрид потекнува и Антон Кецкаров, кој основното образование го стекнал во Струга кај Глигор Прличев. Кецкаров се приклучил на ВМРО веднаш по нејзиното формирање, а во 1903 година бил делегат на Смилевскиот конгрес од битолскиот округ, кога била донесена одлука за кревање на Илинденското востание. За време на Илинденското востание тој дејствувал со чета во реонот на Дебарца. Од документите се гледа дека тој во 1922 година бил воздигнат на степен на „мајстор“, со што биле запознати „сите браќа и сите ложи во светот“. Неговото име денеска го носи и една улица во Скопје.


На гробот на револуционерот, илинденецот Мише Развигоров, кој потекнува од Штип, а загинал во 1907 година, се видливи масонските обележја - шестар, триаголник и чекан. Се претпоставува дека масон бил и дипломатот и публицист Симеон Радев.Филип Петровски, директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, со чии истражувања документите станаа достапни за јавноста, вели дека тие отвораат нови простори за историската наука.


- Предизвик за историската наука треба да биде во каква меѓусебна врска била припадноста на масонството и членувањето во македонското револуционерно движење. Некои влијанија сигурно постоеле, само треба да се открие колкав интензитет имале. Јас не сакам да навлегувам во тоа какви чувства во однос на националната припадност имал секој од нив поединечно. Битно е дека тие се родени во Македонија и дека нивната дејност е поврзана со нашата држава - вели Петровски.Тој истакнува дека истражувањата треба да откријат дали во иконографијата на ВМРО постојат симболи што се користени од масоните.


- Јас забележав дека и кај масоните и кај ВМРО се употребува човечкиот череп. Вистина е и тоа дека черепот е чест симбол, но треба да се види кои симболи се заеднички - укажува Петровски.


Тодор Чепреганов, директор на македонскиот Институт за национална историја, вели дека врските на македонските дејци со масонството досега не биле истражувани.


- Ако некои од нив членувале таму, со сигурност може да се каже дека тоа што биле масони имало влијание и во нивната дејност. Неодамна се појавија документи што зборуваат дека масоните имале големо влијание и врз Младотурската револуција. Тогаш зошто да не се дозволи таквата можност и кај нас - вели Чепреганов.

Масонски знаци и на фреските

Големата масонска ложа на Македонија е формирана во 2005 година, а постојат уште четири други ложи во нејзини рамки - Скопје, Единство, Бели мугри и Утринска ѕвезда. Во нивните акти се нагласува дека членовите пристапуваат кон братствата поради универзалната љубов кон човештвото, желбата да им се помогне на децата, жените и сиромашните. Братствата не водат листа со членови и таа никогаш не се објавува. Тие мора да го почитуваат законот, да имаат добар карактер и верба во Бога.

Масоните во Македонија укажуваат дека нивни обележја се наоѓаат и на некои цркви и манастири во Македонија. На фрескоживописот на манастирот „Света Богородица“ кај Кичево на ликовите на апостолите им се додадени и масонските симболи - аголникот, шестарот, пламената ѕвезда или севидливото око сместено во пирамида.

Бранко Ѓорѓевски

 

 
Нова Македонија, Број, 21699 , 29.05.2009 PDF Print

 Активно изображение

Култура

 

Македонските револуционери и дејци биле масони

 

Автор:  Весна Дамчевска Фотографија:  Роберт Атанасовски

 

Македонски револуционери и дејци биле членови на бугарската масонска ложа, покажуваат документите од бугарските масонски архиви претставени на изложбата со наслов „Светлина“, која синоќа во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ја отворија Филип Петровски, директор на библиотеката и Спас Ташев, директор на Бугарскиот културен центар во Македонија. Меѓу тие имиња се Александар Протоѓеров, родум од Охрид, кој е познат како организатор на револуционерни чети и член на ЦК на ВМРО, кој бил мајстор на големата масонска ложа на Бугарија. Потоа тука е и Антон Кецкаров, исто така од Охрид, кој бил ученик на Григор Прличев, како и Јордан Бадев од Битола и Љубомир Милетиќ од Штип.


- Многу е интересно е што и македонската револуционерна организација има иконографија која е многу слична на масонската. Дел до симболиката на ВМРО веројатно е под влијание на масонската - вели Филип Петровски, директор на библиотеката.


Станува збор за избор на документи што Петровски пред неколку години ги пронашол во масонски архиви во Бугарија.


- Интересот ми го привлече тоа што меѓу мноштвото такви документи наидов на имињата на македонски револуционери, активисти и на луѓе по потекло од Македонија. Тука не мислам само на територијата на денешна Македонија, туку за географска Македонија. Се испреплетуваат имиња на македонски револуционери, повеќе или помалку познати, но луѓе за кои не се знае дека биле членови на масонската ложа. Има десетици Македонци меѓу нив, само јас успеав да сретнам повеќе од десетмина – вели Петровски, кој пред две години дошол до публикација за масонството на Државниот архив на Бугарија, а кој дури сега успеал да ги донесе овие документи и да ги изложи за јавноста.


Тој, како што вели, нема намера со изложбата да разрешува идентитетни прашања, да докажува или да спори нешто, туку само дава увид во селекцијата од документите што ја направил


- Не сакам да кажувам кои и што биле овие луѓе, туку ја истражувам нивната врска со масонеријата. Овие имиња беа доволен предизвик да се направи изложба, а понатаму историчарите нека утврдуваат што и како се случувало. Изложбата е само документирање на настани од пред 100 години за кои малку се знае во Македонија. Македонските архиви не поседуваат вакви сознанија и документи, или барем јас не знам за такво нешто – вели Петровски.


Неговата идеја е да им ги приближи на македонската јавност овие ретки документи, бидејќи, како што вели, се работи за специфична област за која немаме многу сознанија.


- Се надевам дека изложбата ќе ги заинтересира оние кои се занимаваат со масонството, но и пошироката јавност. Треба да се види дека некои Македонци пред 100 и повеќе години биле членови на масонското братство. Две години истражував и се обидував да ги добијам документите, главно од Државниот архив на Бугарија. Ова што го имаме се верни копии на оригиналите. Успеав да направам копии во соработка со Државниот архив на Бугарија и Бугарскиот културен центар во Македонија. Станува збор за документи за големата ложа, за состаноци на масоните, за внатрешниот живот на ложата, нивните активности – вели Петровски.


Изложбата претставува 50-тина документи и фотографии, стари стотина години и, кои во тоа време кога се направени биле тајни, а се стануваат достапни за јавноста.


- Истражувањето ќе го продолжам и во архивите на Србија за да видам дали и таму ќе сретнам имиња на Македонци кои биле членови на југословенските масонски ложи. Историјата на таквото дејствување е доста богата и интересна за проучување – вели Петровски.


Изложбата ќе трае една недела во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

 
Утрински Весник, Број 2996, четврток, 28 мај 2009 PDF Print
Пример

 Изложба на документи од бугарските масонски архиви

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ и КИЦ на Бугарија во Скопје вечерва во 19 часот во просториите на библиотеката организираат изложба на документи со наслов „Светлина“. Станува збор за избор на документи од бугарските масонски архиви, со посебен акцент на македонските дејци и револуционери.

Изложбата ќе ја отворат директорот на библиотеката, Филип Петровски, и Спас Ташев, директор на Бугарскиот КИЦ во Скопје. (Н.П.)

 
<< Start < Prev 11 12 13 14 15 Next > End >>

Results 109 - 117 of 129
 
Top! Top!