www.mamboteam.com
Културно-информационен център на Република България в Скопие ©  
Начало Новини Събития Бугарски карикатуристи изложуваат во Прилеп
19 October 2018
 
 
Бугарски карикатуристи изложуваат во Прилеп PDF Печат

Бугарски карикатуристи изложуваат во Прилеп

Бугарските карикатуристи Чавдар Николов, Ала и Чавдар Георгиеви и Љубомир Михајлов се претставуваат со 40 свои дела на групната изложба отворена во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Изложбата е реализирана во соработка со Културно-информативниот центар на Бугарија во Македонија, чиј директор Димитар Христов по овој повод, карикатуристите, меѓу другото, ги нарече витези на доброто, кои можат да ја казнат неправдата, да ги обелоденат гревовите и сами да се казнат, но дека не се злопамтила. „Во моментот во којшто ја објавиле својата пресуда продолжуваат напред како Дон Кихот“, рече тој.

Карикатуристот Чавдар Николов објавува карикатури во бугарски и во британски весници и списанија. Моментално работи како карикатурист во весникот „Новинар“, а е добитник на повеќе награди во Европа. Ала и Чавдар Георгиеви се добитници на над 30 национални и меѓународни награди, а двајцата заедно реализирале изложби во Бугарија, Украина. Љубомир Михајлов е организатор на првата меѓународна изложба на карикатури во Софија во 2010 година, а за своите карикатури е награден со повеќе награди и признанија во Европа. Работи во областа на карикатурата, графичкиот дизајн, илустрацијата и книжевноста. (К.Б.)

 
< Предишна   Следваща >
 
Top! Top!