www.mamboteam.com
Културно-информационен център на Република България в Скопие ©  
Начало Новини Събития Блуз и Соул фестивал 2011
17 December 2018
 
 
Блуз и Соул фестивал 2011 PDF Печат

Вторник, 5 јуни 2011 | 21:00 часот
Летен клуб „Колосеум“ - Градски парк

Програма:

5XL (Бугарија)
Gregor Hilden Band (Германија) со специјален гостин Harriet Lewis (САД)

 

5XL (Бугарија)

5xl-bg

5XL е еден од најдобрите состави на бугарската блуз сцена кој е формиран во 1996. година од страна на гитаристот Борислав Димитров-Боро кој многумина го сметаат за најдобар гитарист во Бугарија кога станува збор за блузот. Идејата беше на едно место да се соберат најдобрите бугарски музичари кои зад себе имаат богат музички опус и кои се докажани како квалитетни исполнители на овој музички жанр. Со многубројни настапи на фестивали, самостојни концерти  и редовни клупски свирки, 5XL  се афирмираа како концертна атракција која предизвикува интерес на љубителите на добрата свирка каде и да се појават. Составот го сочинуваат, покрај Борислав Димитров-Боро и Емил Рачев – гитара, Румен Александров – бас,  Радослав Славчев – тапани и Деси Тилева – вокал.  Составот исполнува авторски материјал, како и познати теми од лектирата на блузот во кои членовите на составот ги вметнуваат на оригинален начин елементите на џезот и рокот на свој препознатлив начин. Ова е прво гостување на блуз состав од Бугарија на скопскиот блуз фестивал, што само по себе претставува предизвик за нашите љубители на блузот да дојдат и да се уверат во квалитетот на 5XL од Бугарија. Нивниот електричен блуз нема д Ве остави рамнодушен!

 
< Предишна   Следваща >
 
Top! Top!