www.mamboteam.com
Културно-информационен център на Република България в Скопие ©  
Начало Новини Събития Инфо-ден за програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“
19 October 2018
 
 
Инфо-ден за програмата на ЕУ „Култура 2007-2013“ PDF Печат
Културните оператори од Македонија на 30.05.2011 имаа можност да се запознаат со критериумите и начинот за аплицирање во програмата на ЕУ „Култура 2007–2013“, во рамки на Инфо-денот што го организираше Културно-контактната точка на Македонија-ККТ, во соработка со ККТ на Бугарија.

Заинтересираните на работилницата можеа да се запознаат со базите за барање партнери и со европските мрежи од областа на културата. Учесници од Македонија беа Младинскиот културен центар и Контрапункт, чии проекти  „Стрип“, „Плотс“ и „Околу Европа“ се поддржани од програмата на ЕУ  „Култура 2007-2013“. Од Бугарија учествуваа   „Црвена куќа“ и „Елијас Канети“, партнери во проектите.

Билјана Прентоска од ККТ Македонија истакна дека целта на инфо-деновите е да ги подготват операторите за следните повици за аплицирање и да се разменат искуства меѓу ККТ на Македонија и на Бугарија. Заменик-амбасадорот на Бугарија во Македонија Ангел Ангелов инфо-денот, организиран од ККТ на двете земји, го оцени како можност за продлабочување на културната соработка меѓу соседните држави кои веќе имаат билатерални договори за соработка во културата и науката.

Делегацијата на Европската комисија во Скопје синоќа во рамки на Инфо-денот организираше и претставување на македонските уметници кои учествуваа во проектот „Култура и луѓе“. Министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска на средбата истакна дека режисерите Милчо Манчевски и Анета Лешниковска, музичарот Тони Китановски и Черкези оркестарот, писателката Лидија Димковска и фотографот Иван Блажев пролетта 2010 година заедно со музичари, писатели, филмски работници и уметници од овој дел на Европа, на турнеја низ Германија, Австрија, Холандија и Белгија ја презентираа македонската култура и традиција и преку интересни програмски содржини, во осум европски градови, на локалното население му овозможија да ја види и чуе Македонија но и останатите земји од Југоисточна Европа.

Учеството на македонските уметници во ваквите проекти преку кои се промовира културното богатство на земјите кои сеуште не се членки на ЕУ е уште една потврда за културниот потенцијал на Македонија и значајна поддршка и промоција на овој капитал од страна на  Европската Унија за што сме особено благодарни. Македонските уметници се најголемите амбасадори на нашата земја, и токму затоа културата и понатаму останува приоритет во интеграциските процеси на Македонија за членство во Унијата. Програмата Култура како единствен инструмент на Унијата наменета за културниот сектор, претставува  наша значајна поддршка на овој пат, додаде министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.




   
  


 
< Предишна   Следваща >
 
Top! Top!